Дакар 2026 – Ново-стари господари на песочните беспатија

Заврши уште едно издание на релито Дакар.

И овој пат во Саудиска Арабија човекот и машината се спротивставуваа на бруталната природа постигнувајќи брзини кои е тешко да се замислат.

Нивната голгота траеше 14 дена и скоро осум илјади километри за на крај разликите да се мерат во секунди – барем кај мотоциклистите каде после скоро 50 часа возење Аргентинецот Лусијано Бенавидес на KTM помина низ целта само две секунди пред Американецот Рики Брабек со Honda.

Овој финиш долго ќе се памети во историјата на Дакар како најнеизвесен – досегашниот рекорд изнесуваше 43 секунди. Кај автомобилите ветеранот Насер Ал-Атија не дозволи големи изненадувања. Возејќи скоро цело време како апсолутен фаворит за победата тој по шести пат го покори Дакар донесувајќи ѝ голема радост на Dacia.

Значајно е дека 55-годишниот Катарчанец своите шест победи ги има остварено со четири различи производители. На второто место заврши Шпанецот Нани Рома а трет беше Финецот Матијас Екстром, и двајцата со Ford.

Титулата кај камионите отиде во витрините на Iveco чиј екипаж предводен од Литванецот Ваидотас Жала ги победи своите тимски колеги, Чехот Алеш Лопраис и Холанѓанецот Мичел ван ден Бринк.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER