FIAT Qubo L – Скроен за семејствата

FIAT секагаш негувал семејни традиции, тоа го докажува со Qubo L

Со комбинација од практичност, флексибилност и перформанси, Qubo L нуди уникатно решение за семејни потреби, како во градот, така и во авантурите во природата.

Достапен е во две верзии со 5 седишта 4,40 м и 7 седишта 4,75 м. Верзијата со 7 седишта нуди три индивидуално прилагодливи седишта во вториот ред и 2 седишта што се извлекуваат на шини во третиот ред, со 144 можни комбинации.

Воедно, нуди и 27 прегради за складирање и длабочина на товарење до 3 метри благодарение на преклопливото седиште за совозачот, идеално за носење подолги или пообемни предмети.

FIAT Qubo L ќе биде достапен во три нивоа на опременост: POP, ICON и LA PRIMA. Достапен е дизел мотор со 130 КС со автоматски менувач или дизел со 100 КС и 130 КС со мануелен менувач, како и бензински и електрични опции.

Со опсег на возење до 900 км со полн резервоар, Qubo L е погоден за патувања на долги релации, како и за градско користење. Дополнително, достапна е електрична варијанта од 136 КС за верзијата со 5 седишта, а опцијата за бензински мотор од 110 КС ја заокружува понудата. Практичниот Qubo L ќе биде достапен во првиот квартал на годинава на европскиот пазар, а кај нес би требало да пристигне во следните месеци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER