DS Automobiles – Taylor Made No. 4 Concept

Студија направена на основа на идеите на компанискиот возач во  Формула Е, Тејлор Барнард.

Како основа за интригантната студија е искористен DS No. 4 на кого се додадени , бројни стилски детали од електричниот тркачки автомобил DS E-Tense FE25. Со овој концепт брендот ги лансира моделите од специјалното издание Performance Line наменети за моделите 3, 4 и 7, кои вклучуваат дизајнерски елементи од тркачкиот автомобил на Формула Е.

Еден пример е светлосниот потпис со неговите фарови со пикселен дизајн. Преголемиот натпис „No. 4“ на решетката на ладилникот е исто така впечатлива карактеристика. Името Taylor Made No. 4 Concept е игра на зборови. Прво, taylor made може да се преведе како „скроено по мерка“.

Второ, концепт автомобилот е создаден врз основа на идеи од тркачкиот возач Тејлор Барнард. 21-годишниот Британец вози еден од двата DS E-Tense FE25 во Светското првенство во Формула Е. Барнард сакал автомобил што ја одразува неговата личност. Тој им ги кажал на дизајнерите неговите лични омилени бои, материјали и завршни обработки. Каросеријата на концепт автомобилот има четири варијации на титаниум, екстремно лесен метал што широко се користи во мотоспортот.

Виолетовата, омилената боја на Тејлор Барнард, се издвојува на рачките на вратите и натписот „Taylor Made N°4“ од страните. Концепт автомобилот ќе стане дел и од Driving Empire, тркачка видео игра на платформата Roblox, подоцна оваа година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER