Peugeot 408 – Обновен за „ВАУ“ ефект

Кога  Peugeot го претстави 408 предизвика бура од позитивни реакции. Сега, со освежувањето, делува зашеметувачки и возбудливо привлечен.

Peugeot 408 на сцена стапи пред три години. Според непишано правило во автомобилската индустрија дојде време за обновување на линијата.

Можеби ќе се запрашате што требаше да се освежи кај и онака атрактивниот свеж дизајн?  Ние може да полемизираме колку сакаме, но тимот на Peugeot  знае што прави. Додека во механичка смисла ништо не е сменето, дизајнерите на надворешноста и внатрешноста ги земаа работите во свои раце.

Резултатот навистина предизвикува „ВАУ“ ефект. Остро вајаните линии на каросеријата сега дополнително се засилен со софистицирани детали на предниот и задниот дел. Препознатливиот за компанијата светлосен потпис, трите канџи се изразени преку три фини, коси LED ленти кои исто така служат како индикатори и сега се поврзани по целата ширина на автомобилот со елегантна LED линија.

На задниот дел гордо е осветлен натписот Peugeot, а воедно, 408 е првиот модел во гамата што има осветлени букви наместо беџ. Преработена е предната маска и браник, а за повисоките нивоа на опременост понудени се ексклузивно дизајнирани тркала од 19 и 20 инчи.

Подобрувањата продолжуваат и во внатрешноста. Компактниот управувач го подобрува динамичкото чувство и агилноста со интегрирани контроли за мултимедијалниот систем и разни функции за помош на возачот.

Вреди да се спомене 10-инчната дигитална инструмент табла поставена во висина на погледот на возачот, со прилагодлива графика и повеќе режими на гледање, вклучувајќи навигација, медиуми, системи за помош про возење и проток на енергија.

Како дополнување, централниот 10-инчен екран на допир кој сега е поставен малку пониско и под агол кон возачот за лесно користење. Корист од групацијата се препознава на воведување на седиштата кои беа препознатливи за германскиот брат Opel.

Предните седишта со ознака AGR (Aktion für Gesunder Rücken) се гаранција за ергономскиот дизајн и широкиот опсег на прилагодување во 10 насоки за возачот, во 6 насоки за совозачот, пневматски систем за масажа и греење.

Моторизацијата останува иста. Како што доликува на новиот бран предност има електричниот погон. Peugeot E-408 испорачува 213 КС (157 kW) и 343 Nm вртежен момент. Поради усовршената аеродинамика зголемена е ефикасноста. Ова придонесува за ниска потрошувачка на електрична енергија до само 14,7 kWh/100 км.

Во комбинација со високонапонска NMC батерија што овозможува 58,2 kWh употреблив капацитет, постигнува автономија од 456 км. Во игра останаа хибридниот и погонот со приклучен хибрид.

На бензинскиот мотор од 180 КС, како кај претходниата генерација, остана електричен мотор од 92 kW, поврзан со 7 степен менувач со двојна спојка e-DCS7, комбинација која овозможува возење без емисија на издувни гасови од 85 км.

Неговата вкупна моќност од 240 КС е напојувана од литиум-јонската батерија од 14,6 kWh која може целосно да се наполни за 2 часа и 5 минути со помош на ѕиден полнач од 7,4 kW (32 A) и опционалниот еднофазен полнач од 7,4 kW. За оние што се наклонети на бензинот се нуди хибридна опција.

Која комбинира бензински мотор од 145 КС со 6 степен електрифициран автоматски менувач со двојна спојка. Батеријата се полни автоматски за време на возењето, обезбедувајќи дополнителен вртежен момент за динамичко забрзување, а воедно одржувајќи ефикасна потрошувачка на гориво од само пет литри во комбиниран циклус.

Во урбани услови може да работи во 100% електричен режим со нулта емисија до 50% од времето на возење. Според Еуроимпекс, овластениот увозник и дистрибутер на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, обновениот 408 кај нас треба да пристигне во вториот квартал на годинава.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER