Mercedes-Benz A-Class – Прекоманда во Кечкемет

Mercedes-Benz го продолжи векот на актуелната A-Class до 2028 година, но производството се префрла на исток, во Унгарија.

Иако развојот на наследник е веќе во тек, компанијата одлучи да го задржи сегашниот модел во производство и по 2025 година, но наместо во фабриката во Раштат, Mercedes-Benz го префрла производството на A-Class во Кечкемет.

Експанзијата во Унгарија ќе биде придружена со значителни вработувања. Се очекува околу 3.000 нови работници да се приклучат на постојната работна сила од 4.500 лица во фабриката во Кечкемет, дополнително продлабочувајќи ги инвестициите на компанијата во регионот.

Преместувањето на производството од западна во источна Европа е, во суштина, финансиски потег. Пониските трошоци за работна сила и работење во Унгарија ја прават поекономична база за A-Class, особено затоа што компанијата се стреми да ги заштити маржите на својат најевтин модел.

Производството во унгарската фабрика треба да започне во вториот квартал од годинава, а годишното производство се очекува да достигне помеѓу 300.000 и 400.000 возила. Целта е заштеда од околу 5 милијарди евра до крајот на 2027 година. Од монтажните ленти на фабриката во Кечкемет, покрај A-Class, излегува  електричниот GLB и С-Class.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER