Во годинава што започнува BMW се подготвува за нов почеток и тоа на производство на два електрични модели од Neue Klasse. Во Дебрецен се е подготвено за iX3, а веќе се вршат функционалните проверки во фабриката во Минхен во која ќе се произведува електричниот i3. Работниците се обучуваат, на монтажната лента е инсталирана нова опрема а целиот циклус симулирано се следи за да се осигура дека сé ќе оди беспрекорно и по план. А претходникот на i3, серија 3, има извонредна историја која трае 50 години. Еве како започна прикаската.


