MG оствари нов рекорд во 2025 година

◼ Остварена продажба од 300.000 возила на пан-европско ниво текот на 2025 година
◼ Раст од речиси 30% во однос на резултатите од 2024 година
◼ Лансирани повеќе високотехнолошки електрични модели, со што дополнително се зацврстува посветеноста на MG кон конкурентна, напредна и достапна технологија
◼ Поттикнати од силната побарувачка на клиентите, продажбата на Hybrid+ моделите порасна за извонредни 300%, додека MG ZS моделите бележат раст од 32%

MG Motor за првпат оствари 300.000 годишни продажби во Обединетото Кралство и Европа. Овој значаен праг беше достигнат во декември, при што MG забележа речиси 30% зголемување во споредба со истиот период во 2024 година кога брендот оствари околу 233.000 продажби. Силната побарувачка за Hybrid+ моделите на MG, вклучувајќи го и исклучително популарниот MG HS SUV, даде значаен придонес кон овој успех. На пан-европско ниво, комбинираната продажба на хибридни возила досега достигна 137.000 возила, што претставува раст од речиси 300%. Во меѓувреме, продажбата на MG ZS моделите изнесува 123.000 возила, со извонреден раст од 32% во однос на истиот период во 2024 година.

Во текот на 2025 година, MG значително ја зајакна својата електрична понуда, продолжувајќи да нуди уште поголема достапност до нови технологии. Ова вклучува и претставување на MGS5 EV SUV, како и лансирањето на технолошки ориентираната MG IM модели во Обединетото Кралство, Норвешка и Швајцарија. MGS6 EV, простран, практичен и технолошки достапен SUV беше претставен во последниот квартал од годината. Растот на MG е поттикнат и од сè поширокото присуство низ Европа. Брендот моментално е активен во 34 земји и располага со околу 1.300 малопродажни партнери. Во Обединетото Кралство, MG има над 150 дилери, а неодамна отвори и нов центар за резервни делови и магацин, со цел дополнително подобрување на поддршката за своите 370.000 клиенти на кои им нуди 7-годишна или 150.000 km гаранција.

MG го одбележа својот 100-годишен јубилеј во 2024 година, а денес им нуди на клиентите целосна гама на бензински, хибридни и електрични возила. Понудата се движи од агилниот и практичен MG3, до високо-перформансниот, критички признат електричен кабриолет MG Cyberster, кој ја отсликува амбицијата на MG за континуирана пазарна експанзија. Основан во Англија во 1924 година, MG стана еден од најпрепознатливите автомобилски брендови во светот, познат по стилските и достапни британски спортски автомобили кои донесоа возбудливо возачко искуство на милиони луѓе. Повеќе од еден век подоцна, наследството на иновации и достапност на MG продолжува – како преку илјадниците класични модели, така и преку новата генерација возила дизајнирани за иднината на мобилноста. Денес, MG им нуди на европските возачи сеопфатна палета модели за сите потреби – од бензински и високо-ефикасни хибридни погонски системи, до достапни целосно електрични возила. MG е препознатлив по тоа што ги прави електричните возила достапни, практични и забавни за возење.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER