Заедно со изјавата на првиот човек на компанијата Томас Шефер дека развојот на мали автомобили со бензински мотори повеќе нема смисла Volkswagen откри нови детали за идниот електричен Polo кој се смета за најважен германски автомобил што ќе пристигне во 2026-та година. Со претставувањето на деталите ќе ве потсетиме на повеќе од пет децениската кариера на Polo кој на пазарот се појави во 1974 година.


