Kia излезе со голема најава – планира да подготви наследник на легендарниот Stinger.

Тој треба да произлезе од концептот Vision Meta Tourismo настанат место роденденска торта по повод 80-годишниот јубилеј на марката.

Идејата е со него повторно да се потврди духот на одлучноста кој ја задвижуваше компанијата од самото основање и да се покаже преданоста во зачувувањето на наследството. Комбинирајќи ги динамичките перформанси со атрактивен изглед Vision Meta Tourismo има преден дел налик на нос на ајкула со контрастна црна маска, аглести светла и тенки отвори за воздух.

Остро налегнатото ветробранско стакло доминира со силуетата која завршува со едноставен заден дел со интегриран спојлер, светла со облик на бумеранг и елегантен дифузор. Внатрешноста е футуристичка а деталите за погонот и евентуалните планови за производство изостанаа.

Од Kia сепак добивме ветување дека наскоро ќе дознаеме повеќе за овој концепт кој засега е само служи само како провокативна најава за идниот правец во кој ќе се развива марката во поглед на дизајнот, иновациите и перформансите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER