Иако дебело се поврзува со Mercedes, германскиот Brabus преработува и возила од други марки.
Сега за првпат и од Bentley, со Continental Speed во купе и кабриолет верзии.
Наречени се 900 Superblack што означува дека нивниот хибриден четирилитарски V8 располага со точно толку коњски сили.
Со нив спринтот до сто на час трае 2,9 секунди и се постигнува максимална брзина од 335 километри на час која кај отворената верзија е ограничена на 285.
Покрај низата карбонски компоненти за нив се подготвени и 22-инчи тркала, издувниот систем е со титаниумски завршетоци а ревидираното ослонување е спуштено за 20 милиметри.
Внатрешноста се изработува по желбата на купувачите со готово неограничен избор на бои, дезени, материјали и украсни инсерти.
За тоа тие ќе платат 490 односно 540 илјади евра, без давачките и дополнителните трошоци.



