За почеток два евтина електрични автомобили
Заедно сме посилни – со такво размислување Renault и Ford формираа стратешко партнерство. Целта е да се прошири европската понуда на Ford со нови електрични возила со што би се зголемила конкурентноста на пазарот кој премногу брзо се менува. Истовремено ќе се подобри и профитабилноста на Renault кој ќе го снабди својот ривал со технологиите што веќе ги има но и искористеност ана неговите производствени капацитети. За почеток е планиран развој на две нови електрични возила со прифатлива цена базирани на Ampere платформата на Renault кои би се произведувале во Франција. Дизајнот ќе биде на Ford а првиот модел од заедничката соработка треба да се појави на почетокот на 2028-ма година.
Покрај тоа, Renault и Ford потпишаа и писмо за намери за соработка на лесни комерцијални возила. Според известувањата партнерите ќе ги истражат можностите за заеднички развој и производство на возила под двата бренда.



