По 21 година владеење со дизајнота, Гери МекГаверн е отпуштен од JLR
Главниот креативен директор на Jaguar Land Rover е отпуштен од работа. Од страна на JLR нема никакви коментари ниту образложенија за оваа ненадејна ситуација. Британската компанија подолго време се дави во проблеми. Прво имаше страотен пад на продажбата на возилата Jaguar, по што реши брендот да стане исклучиво електричен.
По прикажувањето на Type 00 се покрена лавина негативни коментари и бесот на традиционалните купувачи бидејќи се отфрли цела линија модели за нов, смел, некои би рекле дрзок, целосно електричен модел кој беше лансиран во впечатлива нијанса на розова. Тој Jaguar и целосно електричниот Range Rover се само неколку одложени проекти, додека билансот на состојба на компанијата силно осцилира.
Гери исто така беше контроверзен во текот на годините, сакан и омразен во еднаква мерка од неговите колеги. Сепак, она што никој не може да го негира е влијанието што го имаше врз бизнисот на JLR за време на неговата 21-годишна кариера и квалитетот на дизајните што тој и неговите тимови ги произведуваа. Од две генерации на Range Rover до повторното измислување на Defender, Discovery 5, а потоа тука е и Range Rover Evoque. Секој автомобил што Гери го допре се претвораше во успех.


