Студијата за компактно спортско-корисно возило нема да стане сериски модел, но јасно укажува како би биле стокмени адекватните модели за американскиот пазар
На Саемот за автомобили во Лос Анџелес Hyundai го претстави новиот концепт Crater. Робустен по изглед би можел да ја претставува следната насока на дизајнот ориентирана кон авантура.
Дизајнерите на компанијата тврдат дека Crater е наменет да истражи поцврст идентитет на брендот фокусиран на теренските предизвици, но дефинитивно е сигнал за новите стилски решенија за врвните изведби на кросоверите на марката во Америка.
Тековната линија на кросовери на Hyundai е преполна со популарни кросовери, но недостасува вистински херој, нешто што купувачите на автомобили сè повеќе го бараат.
Со тоа Hyundai би станал сериозен конкурент на марките кои традиционално произведуваат теренци, не само американските туку и јапонските.



