Европа ги менува прописите за дневните светла
Се исправа еден сериозен пропуст на европската легислатива кога е во прашање безбедноста на сообраќајот – досега задолжителни беа дневни светла само напред. Зошто тоа така беше регулирано не е баш јасно но од 2027-ма година дневните светла ќе бидат задолжителни и назад. Возењето со дневни светла само напред доведува до опасни ситуации во услови на делумен мрак, на пример при заоѓање на сонцето. Во тие моменти возачите на кои тоа им светли ниско во очите не може добро да забележат дали има и на колкава оддалеченост е возилото пред нив. Зачудува што производителите на возила кои го имаат забележано овој пропуст на европските законодавци не се многу потрудија на своја рака да ги остават вклучени и задните светла во текот на денот. Добар дел од возачите пак не ни знаат дека назад немаат светла. Како и да е, ова конечно ќе се смени, сé во служба на безбедноста во сообраќајот.


