Се ближи одлуката на BYD за третата фабрика во Европа
Кинескиот BYD ги дефинира плановите за својата трета фабрика во Европа. Според нив најголем фаворит да ја добие е Шпанија која во последно време сé почесто се наведува како иден европски центар за производство на електрични возила. Со оваа и фабриките во Унгарија и Турција BYD ќе постави сериозни темели за освојување на пазарот на Стариот континент. Гамата возила веќе ја има само треба да ги донесе поблиску и поевтино до купувачите. Според аналитичарите Шпанија е логичен избор заради релативно ниските трошоци за производство и пониските цени на енергијата. И индустриската инфраструктура е развиена, посебно мрежата добавувачи на делови и компоненти што на BYD многу нема да му значи бидејќи освен стаклата и пневматиците сé друго сам произведува. Сепак за донесување на конечната одлука е рано, што им дава надеж на другите како Србија на пример дека можеби сé уште се во игра. На новата фабрика на BYD сметаат и Германците но сепак нивните шанси се мали.


