Започна продажбата на Kia PV5

После повеќе од две децении Kia се враќа на европскиот пазар на комерцијални возила

Овој пат со електричниот PV5. Во својата доставна верзија на почеток ќе биде на располагање само во една каросериска верзија со должина од 4,7 метри, простор за товар од 4,4 кубни метри и носивост меѓу 620 и 790 килограми. Во патничката изведба пак ќе има пет, шест или седум седишта. Електропогонот е со 122 или 163 коњски сили и различни пакети батерии со автономијата од 297 или 416 километри. Во понатамошниот период се очекува и карго верзија со уште помали батерии што секако ќе влијае на цената која стартува од 39 илјади евра. За тие пари купувачите ќе добијат богата стандардна опрема која вклучува адаптивен темпомат со функција за запирање и тргнување, асистент за возење на автопат со можност за автоматско скршнување во случај на опасност од фронтален судар и друго. Поскапите верзии ќе имаат надзор на мртвите агли, инфо-забавен систем со гласовни команди и слични работи кои се во тренд.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER