Chery групата ја дополнува својата стратегија за европскиот пазар
Не случајно Chery е најголемиот кинески извозник на возила – тајната лежи во добро осмислените стратегии за настап на секој пазар поединечно. Така после Omoda и Jaecoo, на Стариот континент ќе бидат понудени и моделите на Jetour. Оваа марка инаугурирана 2018 година се занимава исклучиво со кросовери и се обраќа главно на семејства кои живеат во рурални средини или мали гратчиња и патуваат често. Само по себе тоа подразбира дека тие треба да бидат пристапни, добро опремени и бензински. Можеби и затоа како прва земја во која оваа марка ќе биде лансирана е избрана Полска. Стартот на продажбата е планиран за ноември, со три модели – X70 Plus, Dashing и T2. Веќе е избран локален дистрибутер а планот е до средината на идната година да се отворат 30 продажни места. Лани Chery ширум светот има продадено 560.000 возила од оваа марка.



