Како ќе зборуваат автономните возила?

Opel Grandland научи да зборува со пешаците

За автономното возење не се потребни само едно чудо најнови технологии како што се радарите, лидарите и сензорите – за луѓето да ги прифатат тие треба да научат да зборуваат. Како, покажа Opel чии инженери во соработка со техничкиот универзитет од Дармштат развија систем за светлосна комуникација меѓу автономните возила и пешаците. Идејата воопшто не е комплицирана – наместо предна маска и амблем на марката на кросоверскиот Grandland е вграден посебен светлосен систем кој на пешаците им испраќа пораки што возилото има намера да направи. Така, ако застане на пешачки премин се појавува зелено светло со препознатливото човече од семафорите дека поминувањето е безбедно. Ако пак возилото не успее да го препознае пешакот, на пример кога тој нагло ќе излезе зад паркирано возило, напред светли знак за опасност а светлото е виолетово. Освен тоа, кога возилото се движи во автономен режим предните и задните мигавци светлат со светлосина боја со што пешаците знаат дека со него не управува човек. За сé да функционира беспрекорно се грижи вештачката интелигенција.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER