Volkswagen Karman Ghia – Наполни 70 години

Во својата богата историја Volkswagen има неколку иконски модели. Еден од нив е Karmann Ghia

Во рамките на Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA) 1955-та година, ѕвезда на штандот на VW беше новото купе дизајнирано од италијански партнер. Веќе првиот ден на „коалиционите“ партнери им беше јасно дека имаат полн погодок. Karmann Ghia стана глобален хит и за време на неговото производство доживеа и кабриолет верзија.

Поради атрактивниот дизајн и делењето на механиката со Бубата, а воедно разбирливата цена, купето беше особено популарно кај жените. Токму поради тоа Karmann Ghia го доби потсмевливиот прекар „Поршето на секретарката“. Голема популарност доживеа во САД иако имаше скромни перформанси. Само да потсетиме, воздушно ладениот боксер мотор, со иста спецификација како кај Бубата, развиваше 43 КС, овозможуваше максимална брзина од 121 км/ч и забрзуваше од мирување до стотка за цела вечност.

Му беа потребни цели 30 секунди. Во подоцнежните верзии, максималната брзина се искачи на речиси 138 км/ч. Сепак, комбинацијата на цврстата германска автомобилска технологија и италијанскиот дизајн го однесе Karmann Ghia меѓу звездите и остана вистински предизвик за колекционерите кои имаат голема страст кон овој модел и по седум децении од неговата премиера.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER