Внатрешноста на новиот Audi Q3 – Хармонија во движење

Дигитална сцена, импресивно аудио искуство, прилагодена шема на бои

Внатрешноста на новиот Audi Q3 покажува како формата и функцијата стануваат едно. Премиум материјалите, интелигентните технологии и прилагодливиот концепт за осветлување и звук се спојуваат за да создадат неверојатно искуство во возењето. Мирниот, јасен дизајн на контролната табла продолжува во чистиот, уреден распоред на конзолата фокусиран кон корисникот. Во срцето на сè е дигиталната сцена – панорамскиот дисплеј со 11,9 инчниот Audi Virtual кокпит и 12,8 инчниот MMI екран на допир има заоблен дизајн ориентиран кон возачот. Тој е надополнет со опционален head-up дисплеј кој проектира важни информации директно во видното поле. Рамните рачки на вратите, внимателно комбинираните материјали со меки површини на допир и хромираните детали на прекинувачите го нагласуваат визуелниот шарм на возилото, неговиот квалитет и целокупната удобност.

Новата контролна единица на воланот со две рачки на управувачкиот столб резултираше со повеќе простор за складирање во централната конзола. Со рачката од десно се избира се командува трансмисијата додека онаа од лево ги контролира функциите за осветлување и бришачите. Ладената индуктивна фиока со моќност за полнење од 15 вати, вклучувајќи два USB-C конектори може да се затвори со лизгачки капак по желба. Два дополнителни USB-C порти се наоѓаат на задниот дел.

Кога ќе се стемни, различни пакети за осветлување го создаваат расположението во внатрешноста. Маркерите на контролната табла и централната конзола ги нагласуваат чистите линии на ентериерот. Светлосните водичи ја транспортираат светлината, а дифузерот ја распрснува така што таа се појавува како деликатна лента во конзолата. Индиректното амбиентално осветлување под панорамскиот MMI дисплеј на и во вратите дополнително ја нагласува внатрешната архитектура. Како нов елемент на дизајнот, предните врати сега се опционално достапни со осветлување со голема површина. За да се постигне овој ефект над 300 исечоци во облик на дијамант со различна големина се ласерски исечени во панелот од ткаенина. Извор на светлина во облогата на вратите ги осветлува сегментите кои поради нивните различни големини покажуваат динамична прогресија на осветлувањето. Купувачите можат да изберат помеѓу 30 различни бои, овозможувајќи персонализирано искуство со осветлување.

Опционалниот Sonos премиум звучен систем обезбедува импресивно аудио искуство со виртуелно генериран звук. Дванаесет звучници со високи перформанси, вклучувајќи централен звучник и сабвуфер, испорачуваат моќен звук со максимален излез на засилувачот од 420 вати. Благодарение на интелигентната обработка на сигналот, секој што седи во возилото може да ужива во искуство со слушање прилагодено на неговото индивидуално седиште. Достапни се четири конфигурирани плус прилагодлив звучен профил. Автоматското прилагодување на нивото одржува постојана јачина на звук при менување на изворите, а ревитализацијата на музиката го подобрува звукот на компресираните музички датотеки.

Кај Q3 достапни се вкупно девет пакети опрема. За дрвени апликации се користи брзорастечко, отпорно дрво. Внатрешните елементи од Impressum ткаенина се направени од 100 проценти рециклиран полиестер, како и ткаенините за тапацирање Passage, Impressum, еднобојна ткаенина и микрофибер. Сите текстилни и микрофибер навлаки за седишта се систематски дизајнирани со употреба на мономатеријали, така што подоцна можат да се рециклираат како материјали со едно потекло во циркуларната економија, со што се елиминира отпадот и драстично се намалува јаглеродниот отпечаток. Audi произведува кадифени велурни подни простирки користејќи Econyl, целосно рециклирано најлонско влакно направено од стари рибарски мрежи, остатоци од теписи и индустриски отпад. Сето ова е резултата на фокусирањето на Audi за ефикасно користење на ресурсите.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER