Го испраќа ли Kia популарниот Ceed во пензија?

Kia ја претумба својата понуда во Велика Британија

Дали Kia ќе го згасне Ceed, моделот кој го обликуваше имиџот на корејската марка во Европа? Тоа веќе го стори во Велика Британија како дел од големата реорганизација на понудата која опфаќа уште и кратење на неколку изведби на Picanto и xCeed, додека ProCeed беше исфрлен уште лани. Прашањето дали истото ќе го стори и на Континентот директно е поврзано со хечбек верзијата на новиот К4 за која уште кога беше претставена започна да се зборува дека ќе го замени Ceed. Kia засега молчи за сето ова но нема да може уште долго – се ближи крајот на животниот век на сегашната генерација на Ceed. Прашање е и дали ако К4 го замени тој за Европа ќе се увезува од Мексико или пак ќе се произведува во фабриката во Жилина за чии капацитети сé повеќе се зборува дека ќе бидат потребни за новите електрични модели, пред сé за претстојниот EV4 и идниот EV2.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER