И тоа се случи. Кинеската марка за мобилни телефони што пред неодамна започна да произведува и електрични автомобили постави апсолутен рекорд во примање на нарачки. За само три минути од пуштањето во продажба прими 200.000 нарачки за својот кросовер SY7. Од другата страна на планетата традиционалните марки како Lotus и Maserati имаат неизвесна иднина. Зато иднината е извесна за BMW кој беше критикуван за својата определба да не ги фрли сите карти на електричните возила и да не прекине со развој на моторите на согорување. Тоа се покажа како исправна одлука која се потврди и во нашиот денешен тест на X3 со дволитрен турбо дизел.


