Достигнувајќи продажба од 2,7 милиони единици, кросоверот XC60 стана најпродаван модел на марката на сите времиња!
Остварувањето што го постигна ХС60 го престигна легендарниот 240 кој на тронот се наоѓаше цели 32 години.
Овој препознатлив модел кој со својот коцкаст дизајн и високите безбедносни карактеристики го освои светот се продаваше од 1974-тата до ’93-тата, две години по претставувањето на неговиот наследник серијата 900. И XC60 има достоен стаж од 17 години, но распределен во две генерации.
Беше претставен 2008-мата и веднаш стана пазарен хит. Како старееше така подобро се продаваше – најуспешна му беше ланската 2024-та кога за него се одлучија повеќе од 230 илјади купувачи. Пред некое време технички обновен и дизајнерски освежен, освен во Шведска се произведува и во Кина.


