Сé уште официјално не е претставен, а веќе стана рекордер
Претстојниот викенд е резервиран за 24 часовната трка на патеката Нурбургринг, а еден ден порано пред да се означи стартот, на 20-ти јуни, премиера ќе доживее Golf GTI Edition 50.
Како што самиот суфикс кажува, тоа е модел што ќе ја одбележи годишнината од лансирањето на легендарниот компактен спортски автомобил следната година. Тоа е најмоќниот сериски GTI досега и веќе влезе во историјата.
Возачот Бени Лојтер го заобиколи легендарниот Нордшлајфе за 7:46:13 минути во речиси сериско тест возило. Ниеден VW, хомологиран за секојдневно користење, никогаш не бил побрз на „зелениот пекол“. Истиот возач пред три години го извозе кругот долг 20,8 километри со Golf R „20 години“ со погон на сите тркала и 333 КС за една секунда подолго.
Иако нема никакви податоци, може да заклучиме дека претстојниот Golf GTI Edition 50 ќе има повеќе сила. Постигнатото време, додека не биде моделот достапен за нарачка, ќе биде наведено во категоријата „претпроизводствени модели“ во официјалниот список на Нурбургринг.


