Баварците на Конкорсо д’Елеганза Вила д’Есте прикажаа уште еден зашеметувачки концепт. Кога лани на истото место BMW го претстави Skytop, автомобилската јавност беше воодушевена од храброста на инерпретацијата на тема кабриолет. Сега „сино-белиот“ пропелер повторно предизвика овации, овој пат за ексклузивна интерпретација на Touring со две седишта и три врати. Скулптурата на тркала ќе биде произведена во само 70 примероци по непозната цена.
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu

