Иако поранешните сопственици на Alpina, семејството Бофензипен, се занимава и со висококвалитетни вина, ним бензинот им тече во вените.
Затоа и не е изненадување што на бреговите на езерото Комо под нивното име се појави интересен автомобил.
За неговото креирање е заслужна италијанската куќа Zagato, а за механиката кој друг ако не BMW.
Како основа послужи кабриолетот на серијата 4 но од неговите линии не остана ништо.
Скоро сите панели на каросеријата се нови, но дел од компонентите како што се светлата се зачувани.
Исто и внатрешноста која остана стандардна. Чепнаа малку во механиката засилувајќи го трилитарскиот турбо мотор на 611 коњски сили со кои постигнува преку 300 километри на час и до сто забрзува за 3,3 секунди.
Планирано е да се произведува во сегашните погони на Alpina кои после преземањето на брендот од страна на BMW остануваат во семејна сопственост.
Цената и количините ќе бидат објавени пред крајот на годинава.




