BMW Concept Speedtop – Елегантно бегање од секојдневието

Баварците на Конкорсо д’Елеганза Вила д’Есте прикажаа уште еден зашеметувачки концепт

Кога лани на истото место BMW го претстави Skytop, автомобилската јавност беше воодушевена од храброста на инерпретацијата на тема кабриолет. Сега „сино-белиот“ пропелер повторно предизвика овации, овој пат за ексклузивна интерпретација на BMW Touring со три врати. Скулптурата на тркала ќе биде произведена во само 70 примероци по непозната цена. Како и Skytop, Speedtop е изграден врз основа на BMW Серија 8. Дизајнерскиот тим на BMW успешно го реализира креативниот предизвик и изваја сосема нова каросерија со цел да испорачаат она што го нарекуваат Shooting Brake. Speedtop се држи до формулата на Skytop, со тесни LED фарови и светкава решетка со бубрези. На задната страна, ниско поставените, ултра-тенки LED диоди и преголемите овални издувни цевки се исто така познати. Линијата на покривот сега се прелева во огромно панорамско стакло  и вајана задна врата, завршувајќи со суптилен спојлер на покривот. Еден особено остар детаљ е подигнатиот централен ‘рбет што се протега по должината на покривот, ехо на централниот отвор на хаубата, давајќи ѝ на целата силуета одредена симетрија и намена. Шефот за дизајн на BMW, Адриан ван Хујдонк, го нагласува уникатниот профил на Speedtop. „Тој е дизајниран за „викенд бегства за двајца“, што ја објаснува конфигурацијата на ентериерот со два седишта, наместо 2+2. Елиминирањето на задните седишта значи дека моделот има многу простор за товар, нагласувајќи го неговиот гранд туринг карактер.“ Багажниот простор е обвиткан во кожа и поделен со централна преграда осветлена со амбиентално осветлување. Зад седиштата има два мали прегради обезбедени со кожни ремени, секој дизајниран да собере торба по нарачка од италијанската фирма Schedoni. Внатрешноста е исполнета со луксузни материјали, грижливо обработени со германско внимание кон деталите, кои формираат музејска атмосфера. Комплетната инструмент табла е преземена од серијата 8, вклучувајќи го и стариот дигитален кокпит со два одделни екрани, кристална рачка на менувачот и сите прекинувачи. Сепак, секоја површина во Speedtop е покриена со висококвалитетни материјали, со неколку сложени детали. Изработката на предвидените примероци ќе се одвива во одделението за малосериски автомобили во фабриката во Динголфинг. Speedtop ќе го задвижува  4,4 литарскиот твин-турбо V8 од M8 Competition. Најверојатно стандардните 617 коњски сили ќе бидат дополнително зголемени, а ќе ги пренесува осумстепен автоматски менувач на сите тркала. Перформансите и запрепастувачките погледи на сите што ќе го видат Speedtop на улица ќе ги почувствуваат само 70 сопственици кои финансиски орбитираат во стратосферата. А оние што може да си приуштат „обично“ BMW, останува надеж дека овој дизајн ќе примени во идните сериски модели.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER