Toyota RAV4 – Редизајн или нов модел?

Новата изведба на RAV4 е повеќе од она што се гледа на прв поглед

Тресет годишната кариера на RAV4 е импресивна. Досега таа се продаде во 15 милиони примероци ширум светот и ги постави стандардите во класата на средни кросовери.

Интересно е што новиот модел доаѓа во време кога сегашниот достигна нов рекорд во продажбата низ целиот свет. Очигледно, Toyota сака да го продолжи моментумот и да сруши нови рекорди.

И покрај ознаката „нова генерација“, RAV4 е поставена на надградената верзија на постоечката платформа TNGA-K. Како што би претпоставиле од модел кој е повеќе редизајниран отколку целосно нов, димензиите останаа во голема мера непроменети.

Должината е зголемена за два сантиметри и сега изнесува 4.618 мм. Меѓуоскиното растојание остана непроменето, но висината бележи 2,5 сантиметри зголемување.

Во својот препознатлив стил Toyota  не направи шокантни дизајнерски промени, но доволно интервенира за да го направат RAV4 свеж и интересен.

Надворешноста ја спојува истата силуета што ја знаеме со години со помодерни стилски елементи. Напред се ставени поостри LED фарови, маска во боја на каросеријата и поголеми дифузори за поагресивен изглед.

Интересно е што, во зависност од опременоста на предвидените три нивоа (Core, Adventure и Gazoo Racing Sport), се вградуваат три различни макси на ладилникот. Профилот е веднаш препознатлив со трапезоидни лакови на тркалата и слични карактерни линии кои сега се визуелно подобро стокмени.

За подобар впечаток се задолжени новите дизајни на алуминиумските тркала, достапни во големини од 17, 18 или 20 инчи, во зависност од нивото на опрема. На задниот дел доминира светлосен кластер со затемнета завршница во кој се сместени новите LED задни светла.

Внатрешноста на RAV4 исто така е освежена, а сè е насочено кон практичност без жртвување на стилот. Новата 12,3 инчна дигитална инструмент табла е стандардна, придружена од самостоен инфозабавен дисплеј кој доаѓа во 10,5 или 12,9 инчи, во зависност од опремата.

Важна нова карактеристика е воведувањето на софтверот Arene, опишан од Toyota како прв чекор кон „софтверски дефинирано возило “. Оваа платформа ја напојува најновата верзија на инфозабавниот систем Toyota Audio Multimedia со сите модерни функции за поврзување и го поддржува подобрениот пакет Toyota Safety Sense 4.0 ADAS кој дебитира на новиот RAV4.

За жал, физичките контроли на климата се исчезнати, но дигиталните команди се трајно прикажани на дното на централниот екран на допир. Просторот во багажникот е зголемен на 749 литри благодарение на редизајнираните потпирачи за седишта.

Можеби најголемата промена е што RAV4 сега е целосно електрифициран. Исчезна верзијата само со бензински мотор, отстапувајќи место за погонот со самонапојувачки хибрид (HEV) и приклучен хибрид (PHEV).

Двете го користат познатиот 2,5 литарски четирицилиндричен бензинец. Во новата конфигурација RAV4 Hybrid располага со комбинирана моќност од 229 КС со погон на предните тркала и 239 КС со погон на сите тркала, или 17 коњски сили повеќе од претходникот.

Во меѓувреме, RAV4 PHEV стандардно доаѓа со погон на сите тркала и испорачува 324 КС, што е зголемување од 18 КС. Toyota тврди дека ажурирањата на менувачот, единицата за контрола на моќноста, поголемиот пакет батерии и додавањето на полупроводници од силициум карбид во предната оска придонесуваат за дополнителната моќност.

Покрај додадената моќност, досегот на RAV4 PHEV на струја сега достигнува околу 80 км. Стандардно е вграден полнач со моќност од 11 kW додека за повисоките нивоа на опременост се добива можност за употреба на брзо полнење.

Ова значи дека може батеријата да се наполни од 10% до 80% за само 30 минути. Toyota соопшти дека ќе го лансира новиот RAV4 во над 180 земји низ целиот свет. Новиот RAV4 би требало да пристигне во Европа на почетокот на 2026 година додека македонската премиера се очекува идната пролет.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER