Brabus ќе гради остров со луксузни недвижности што треба да се никне во Абу Даби.
Brabus е познато и признаено име во светот на надградбите на луксузни возила. Оваа тјунинг куќа ги претворај моделите на Mercedes, AMG и Smart во моќни машини со препознатлив персонализиран дизајн. Во портфолиото на компанијата е понудата на персонализирани чамци, мотоцикли, па дури и камперски возила.
Но, тоа не е доволно за германскиот бренд. Сега, Brabus се впушта во светот на луксузни недвижности, промовирајќи го својот приватен остров сместен во областа Ал Сиф во Абу Даби.
Блиску е до центарот на градот и меѓународниот аеродром, а Дубаи е оддалечен само еден час. На површина од 10 хектари ќе има 450 луксузни куќи, 350 станови рапределени во четири кули и 100 вили по нарачка.
Становите ќе располагаат со две, три или четири спални соби, со површина од 107 до 456 квадратни метри.
Вилите се раскошни, а некои нудат приватни базени и директен пристап до плажа.
Секој дом е прилагодлив, дозволувајќи им на сопствениците да изберат од различни теми на дизајн инспирирани од ентериерите на возилата Brabus.
Според сопственикот на тјунерската куќа, кој сега станува магнат за недвижности, островот е наменет за оние кои не сакаат само да возат возило Brabus, туку сакаат да живеат целосно „Брабуизиран“ животен стил, што и да значи тоа.
Изградбата треба да започне ова лето, а првите сопственици на вили и станови треба да се вселат на почетокот на 2028 година. Ако размислувате да купите стан, цените почнуваат од 700.000 евра, додека вила на плажа би можела да ве чини 6,5 милиони евра.
Логична претпоставка е дека секој што троши пари за имот на островот Brabus поседува барем едно возило модифицирано од компанијата. Што се однесува до бродовите на Brabus, тие ќе имаат посебна марина за да се избегне каков било поморски хаос.



