Скоро половина од возилата Tesla во САД вандализирани

Tesla од омилена се трансформираше во омразена марка

Човековото лудило нема граници – Скоро половината од возилата од марката Tesla во САД биле на некој начин оштетени заради омразата кон Илон Маск. Секако, нивните сопственици кои освен што добро му платиле за својот автомобил немаат никаква врска со него или неговите политички, етички, морални или било какви други ставови. Но тоа толпата како да не ја интересира – таа во изминатиот период вандализирала 44 отсто од сите возила Tesla на американските улици со различни оштетувања – од гребење со клучеви до целосно демолирање или пожар, при што просечната штета се проценува на 1.900 долари. Како резултат на тоа премиите за осигурување на возилата од оваа марка на годишно ниво пораснаа за 340 долари а 30 отсто од возачите повеќе нема да купат Tesla, без разлика дали се задоволни од своето возило или не.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER