Цела година после седанот, Kia ја претстави и хечбек верзијата на K4.
Комбинирајќи ги стилот и практичноста, таа засега само на Американците ќе им покажува дека големината не е предуслов да се ужива во возењето.
Дизајнот е презеден од лимузинската изведба, при што покривот помалку е закосен што обезбедува повеќе простор за главите на патниците назад.
Задржани се скриените кваки и карактеристичните задни светла кои одлично се вклопени во каросеријата за 28 сантиметри пократка.
Но и покрај тоа багажникот располага со широкогради 629 литри простор, за половина повеќе од седанот. Технички и двете верзии се идентични и на американскиот пазар ќе се нудат со две погонски опции.
Основниот пакет е со 2,0 литарски атмосферски мотор со 147 коњски сили и безстепена трансмисија, а 1,6 литарскиот турбо со 190 коњи и осумстепен автоматски менувач е алтернатива.
Бидејќи се ближи крајот на животниот век на Ceed постојат реални можности овој модел секако во прилагодено издание да биде понуден и во Европа.
Такво нешто впрочем индиректно е и најавено од Kia, без прецизирање која ознака ќе носи.





