Во својата моделска офанзива Volvo го освежи и S90
Големиот седан на кој годините на пазарот му се одбројани сега е повпечатлив, поудобен и полуксузен.
Дизајнот се ослонува на новите стилски елементи од останатата гама, одразувајќи ја континуираната трансформација на марката насочена кон електрификацијата.
Нови се маската и предните светла кои се потенки и со матрикс-ЛЕД елементи но го имаат задржано препознатливиот облик на чеканот на Тор. Истиот потпис го имаат и задните светла кои беспрекорно интегрирани создаваат автентичен изглед.
Малку изменети се и некои панели на каросеријата, звучната изолација е подобра а новото ослонување подесливо. Моторизацијата засега е позната само за Кина каде овој модел се произведува.
Таму ќе се продава во две хибридни изданија, од кои плаг-ин верзијата има електрична автономија од 80 километри. Освен за Америка каде нема да се појави не е познато кога Volvo ќе го понуди и на другите пазари.
Со оглед на тоа дека европските дилери лани од него продадоа едвај илјада и петстотини примероци, можно е да исчезне и од нивните ценовници.


