Една година од тркачкото деби, Peugeot 9X8 во Evolution издание се враќа на патеката Имола во вториот круг од FIA светскиот шампионат издржливост
Претстојниот викенд ќе се одржи втората трка на Имола во рамкте на Светскиот шампионат во издржливост.
По настапот на трката во Катар, во траење од 1.812 километри, тимот Peugeot TotalEnergies направи серија на тестирања на пет патеки по што има сериозни амбиции за престојниот тркачки викенд. Тоа беше неопходно бидејќи аеродинамиката и каросеријата на болидот беа 90% обновени од техничкиот тим на Peugeot Sport. Имола е извонредно комплицирана.
Справувањето со метежот на возила е главен фактор на патеката, на која ќе се појават 36 болиди, од кои 18 хиперавтомобили, кои ќе ја делат тесната патека. Втор отежнувачки фактор се метеролошките услови кои може да бидат многу непредвидливи, што ја комплицира стратегијата за пневматиците. Слободниот трениг и квалификациите за шест часа Имола ќе се одржат во претстојните петок и сабота.
Стартот на вториот круг на 2025 FIA светскиот шампионат на издржливост ќе биде во недела 20 април во 13:00 часот. На Великденската трка тимот Peugeot TotalEnergies очекува направените промени да вродат со плод на што се надеваат и возачите Пол ди Рестра и Лои Дувал кои се жедни за прокнижување на нови поени. Нека е со среќа!


