Вејн Грифитс се повлече од Seat & Cupra

Вчера, шефот на марките Seat и Cupra, Вејн Грифитс, се повлече од местото главен извршен директор на негово барање. Маркус Хаупт, шеф за производство и логистика на Seat, привремено ќе го замени Грифитс додека не се најде постојано решение. VW рече дека, под водство на Грифитс, Cupra е основана како независна марка во групацијата VW и неодамна стана една од најбрзо растечките автомобилски марки во Европа. Продажбата на Seat се зголеми за 7,5 проценти на 310.000 во 2024 година, додека обемот на Cupra се зголеми за 7,5 проценти и достигна 248.100 возила. Оперативната добивка се зголеми за 1,3 отсто на 633 милиони евра. Грифитс се приклучи на брендот Audi на VW Group во 1989 година. Работеше во различни продажни и маркетинг улоги во Audi и Seat, а беше назначен за извршен директор на Seat и Cupra во 2020 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER