Далеку надминувајќи ги сфаќањата кои ние ги имаме за возилата од марката Smart, најновиот нивни модел означен како #5 конечно е лансиран и во Европа.
За него од компанијата ќе кажат дека како најпросторен и технолошки напреден досега ќе го редефинира својот сегмент. Нема да му биде лесно бидејќи со својата должина од 4,7 метри треба директно да ги напаѓа конкурентите како што е Mercedes GLC.
Можеби во иднина во тоа ќе му помага понудата проширена и со плаг-ин хибридна погонска група, но засега целиот товар ќе го носи електричната архитектура која работи на 800 волти.
Батериски пакети ги има два од кои поголемиот ветува автономија од 590 километри, додека максималните 400 киловати сила на полнење ќе обезбедат 80 отсто од капацитетите за само 18 минути. Електромоторите меѓу 340 и 588 коњски сили му даваат динамични перформанси а постои и посебна изведба наменета за теренски авантури со неколку режима на возење.
Опременоста е далеку над она што другите го имаат што треба да ги оправда и цените кои во Германија стартуваат од 46 илјади евра. Како што знаеме, Smart #5 се произведува во погоните на Geely во Кина и подложи на вкупно 28,8 отсто европски царини.


