Leapmotor ја фаворизира Шпанија

Кинескиот член на Stellantis планира инвестиција од 200 милиони долари во нова фабрика во Шпанија

Според Leapmotor Шпанија е најдобрата локација за производство на електричен модел. Се шпекулира дека тоа ќе биде кросоверот В10, кој своето европско деби го имаше во септември на саемот во Париз. Првично за производство беа разгледувани опциите внатре во групацијата Stellantis, во постоечките фабрики во Германија и Словачка, како и Полска, каде Leapmotor веќе го произведува моделот Т03. Но, откако кинеската влада препорача на производителите на автомобили да ги стопираат големите инвестиции во европските земји кои поддржуваа воведување дополнителни тарифи за електричните возила од кинеско производство, овие опции отпаднаа. Најверојатно новата фабрика на Leapmotor ќе биде лоцирана во Сарагоса, но нема никакви детали за тоа кој модел ќе биде произведуван таму.

Првично се работи на обезбедување на неопходните компоненти од добавувачите во Шпанија со цел да се квалификуваат за највисоко ниво на субвенции од владата. Leapmotor и Stellantis планираат да започнат со масовно производство во Сарагоса во првиот квартал на 2026 година. Од друга страна, Stellantis и кинескиот производител на батерии CATL ќе инвестираат дури 4,1 милијарди евра во фабрика за батерии во Арагон. Шпанската комбинација на пониски трошоци за енергија и разновидна автомобилска индустрија привлече големи инвестиции во државата, додека пријателскиот став на премиерот Педро Санчез кон Кина привлекува голем интерес кај кинеските производители на автомобили кои се обидуваат да основаат фабрики во Европа. Кинескиот Chery Automobile планира да ја произведува електричната Omoda 5 во поранешна фабрика на Nissan во Барселона.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER