Mercedes – A Class оди во заборав

Шпекулациите за укинување на А-класата кружат од 2022 година, а сега за тоа има официјална потврда

При неодамнешното претставувањето на новиот CLA, директорот за технологија на брендот Маркус Шефер, потврди дека елегантниот компактен хечбек нема да има наследник.

Mercedes CLA 2025

Според него, на Mercedes неопходни му се модели кои се примамливи за глобалниот пазар, особено за Кина и САД. Поради оваа причина неопходно е семејството на компактни модели од седум да се намали на четири. Трансформацијата ќе ја преживеат CLA, GLA, GLB и најавената намлена G-Class.

Целосно електричните кросовери EQA и EQB се очекува да бидат интегрирани во новите GLA и GLB формати, отфрлајќи го називот EQ и усвојувајќи поунифициран дизајн. Минатата година беше објавено дека сегашната А- Class ќе остане до вгодина пред да излезе од производство.

Четирите генерации на најмалиот Mercedes беа претставени во 1997, 2004, 2012 и 2018. Првите два се имаа моноволуменска форма на каросеријата, додека моделите од третата и четвртата генерација добија поконвенционална хечбек каросерија. Новиот CLA е изграден на MMA архитектурата, која исто така ќе ги поткрепи претстојните теренци GLA и GLB.

Сепак, бебето G-Class ќе тргне по друг пат со цел да го задржи својот цврст карактер, подготвен за терен. Шефер потврди дека мини G-Class нема да ја дели истата платформа. За неа ќе се користат достапните модули за споделување, од погонски единици до софтвер, но за бебето G ќе се направи специфична основа.

Mercedes EQB

Mercedes најави дека бебето G-Class ќе биде лансирана со мала буква „g“ во името. Тизерот од февруари 2025 година навестува дека моделот ќе има компактни димензии, великодушно растојание од подлогата и облик на кутија што потсетува на оригиналниот G-Wagen со кратко меѓуоскино растојание од 1979 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER