MAN – Последна генерација дизели

Германскиот MAN започна да го пишува финалното поглавје од својата досегашна историја – ја лансираше последната генерација дизел мотори. Посветен на целосната електрификација, производителот на комерцијални возила во своето соопштение истакна дека D30 како што му е ознаката ќе го означи крајот на повеќе од стогодишното производство на дизел мотори во оваа фабрика во која за него се вложени 220 милиони евра. Паралелно со него во неа ќе се произведуваат батериски системи за идните генерации возила. Овој современ 13-литарски агрегат сепак нема така бргу да ги напушти производствените хали – во MAN очекуваат до 2030 година половина од нивните возила да бидат на струја. Ќе се вградува во тешките камиони за кои биде на располагање во шест верзии со моќност меѓу 380 и 560 коњски сили. Се очекува годишното производство да достигне 50 илјади единици.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER