KIA го засилува темпото во електромобилноста

На неодамна одржаниот „Ден на KIA“ компанијата прикажа три нови модели кои ќе ги реализира до 2026 година

Глобалните планови на KIA за зголемување на електричните модели ги сподели со европските купувачи на кои во следните 12 месеци ќе им бидат понудени три ЕВ.

Најбргу на пазарот ќе се појави моделот EV4 за кого се вели дека сериозни амбиции да им ги помати сметките на Tesla Model 3 и VW ID.3. Главен аргумент е најавената цена од околу 33.000 евра, сума поради која купувачите нема да бидат скратени за ништо.

Дури ќе бидат понудени две каросериски изведби, хечбек и седан. Поставени се на исто меѓуоскино растојание од 2.820 мм, но се разликуваат во вкупната должина. Хечбекот бележи 4,4 метри додека седанот е за 30 сантиметри подолг. Двете каросерии ветуваат комотна внатрешност исполнета со последните достигнувања во инфозабавата и безбедноста.

И двете верзии ќе ја користат варијантата од 400 волти на електричната платформа E-GMP (Електрична глобална модуларна платформа). Моторот со моќност од 150 kW (204 КС) го забрзува EV 4 од нула до 100 км/ч за 7,4 или 7,7 секунди, во зависност од верзијата, а максималната брзина е 170 km/h. Најавени се верзии со два мотори, погон на сите тркала и GT.

На избор ќе бидат батерии со различна големина. Помалата има 58,3 kWh, а за ентузијастите за долги растојанија, единица за складирање енергија има 81,4 kWh. KIA ветува автономија од 590 километри за хечбекот со поголема батерија, односно 410 км со помалата.

Европска премиера доживеаа концептот за кросовер EV2 и комбињата PV5. За малиот кросовер не беа споделени никакви технички спецификации осем дека ќе понуди доста простор во каросеријата нешто подолга од четири метри и ќе чини околу 30.000 евра.

Затоа за електричното комбе PV5 домаќините објавија дека во завршна фаза е новата фабрика во Кореја каде ќе се произведува со годишен капацитет од 150.000 примероци годишно.

4,70 метри долгиот модел ќе се нуди во три каросериски изведби и тоа како патничко комбе, карго и со шасија која ќе може да има неколку доработки сходно на потребите.

Автономијата ќе биде 400 километри а батериите од 10 до 80% ќе се полнат за 30 минути. Предвидени се батерии со две големини, од 51,5 и 71,2 kWh. PV5 на пазарот треба да се понуди во втората половина на идната година.

Проектираната нето цена за основната изведба е 30.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER