Škoda Octavia 4×4 – Историјата се повторува

Ажурирана Octavia доби верзија со погон на сите тркала за двете каросеријски изведби со 2.0 TSI мотор

Во портфолиото на Octavia запишано е дека сите досегашни генерации имале изведба со погон на сите тркала. И ажурираната не отстапува од таа традиција. Погонувана од дволитарски TSI мотор од 204 КС силата се пренесува преку седумстепен DSG менувач, кој генерира максимален вртежен момент од 320 Nm. Во хечбек верзијата, Octavia 4×4 забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,6 секунди, додека караванот доцни само 0,1 секунда. И двете изведби имаат максимална брзина од 228 км/ч. Системот за погон на сите тркала на Octavia е управуван од електрохидраулично контролирана спојка која применува оптимална дистрибуција на енергија, овозможувајќи до 100% од вртежниот момент да се пренасочи кон задната оска во идеални услови. Ако сите тркала имаат еднаква влечна сила, меѓуоската спојка рамномерно го распределува вртежниот момент на двете оски. Octavia 4×4 е достапна со Essence, Selection Loft, Lodge, Lounge, Suite и Sportline нивоа на опременост, а испораките почнуваат во средината на март.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER