Stellantis STLA AutoDrive – Без раце на волан до 95 км/ч

Stellantis зачекори во светот на автономните технологии

Без многу театралност Stellantis објави дека развива систем со ниво 3 на автономно возење кој ќе подржува брзини до 95 километри.

Тоа значи дека патниците во возилото ќе можат да се опуштат и да патуваат без да ги држат рацете на воланот и без да внимаваат на патот. Технологијата наречена STLA AutoDrive во моментов тоа го може до 60 километри на час дури и во ноќни и лоши временски услови, а над тоа функционира со ниво 2 способности.

Според поставените цели овој систем ќе овозможи и автономни теренски возења во не толку изискувачки услови. Од Stellantis велат дека немаат конкретен датум за лансирање на технологијата бидејќи пазарот сé уште е многу ограничен за нејзино прифаќање. Не е познато ниту со кои модели автомобили ќе биде компатибилна.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER