Деновиве во далечната 1972-ра Volkswagen Буба влезе во историјата
Со производството на примерокот под реден број 15.007.034 стана најпродаван автомобил симнувајќи го Ford Model T од тронот на кој беше цели 45 години.
Замислен како автомобил за широките народни маси пред втората светка војна за неа во Германија беше воведена државна штедна шема во која 330 илјади луѓе секој месец одвојуваа по некоја марка.
Но не ги дочекаа своите автомобили – беа направени симболичен број примероци кои беа поделени на високорангираните нацистички службеници за приватна употреба. Британските окупациски сили после втората светка војна ја понудија на неколку производители меѓу кои и на Ford но сите одбија наведувајќи дека е неугледен и бучен автомобил кој не ги исполнува основните технички барања и ќе сосема непривлечен за купувачите.
Сепак бидејќи воените власти имаа неопходна потреба од моторни возила се стартуваше со лимитирано производство. Беше само прашање на време кога ќе се покаже вистинскиот потенцијал на евтиниот и едноставен за одржување автомобил што се случи веќе во 1948-тата кога започна нејзиниот извоз во Холандија.
Во текот на својот 65-годишен животен век Буба се произведуваше во 16 земји низ целиот свет.


