Honda е подготвена да ги оживее преговорите за спојување доколку извршниот директор на Nissan замине од позицијата
Honda ќе ги продолжи преговорите со Nissan за формирање на четвртиот најголем производител на автомобили во светот, под услов извршниот директор на Nissan, Макото Учида да си замине од функцијата.

Разговорите помеѓу вториот и третиот по големина јапонски производител на автомобили според продажбата за создавање компанија вредна 60 милијарди долари пропаднаа минатата недела. Преговорите за спојување со Honda пропаднаа поради гордоста на Nissan и недоволната свест за ситуацијата во која се наоѓа. Ако интеграцијата се врати на маса, тоа би било плус за сите вклучени страни објавува Bloomberg Intelligence. „Доколку партнерството на Nissan-Honda се преиспита под новото раководство на Nissan, би можело да биде победничка формула“.
Тоа би било особено добра вест за Mitsubishi, чија иднина е неизвесна и тешка. Тројното поврзување со Honda би значело дека Mitsubishi нема да мора да се потпира толку многу на Nissan и Renault, и би можел подобро да плива со конкуренцијата во автомобилскиот сектор. Во овој момент моделите на Mitsubishi се само клонови на адекватните модели на Renault.
Mitsubishi е добро позициониран во Југоисточна Азија и новата алијанса би го направила силен член на триото, но додека Nissan не се здружи со Honda, изгледите за Mitsubishi се матни. По овој гест на добра воља, нејасо останува каква ќе биде улогата на Renault во целата прикаска и дали сопственоста и управувачкиот пакет во Nissan на французите ќе биде нов камен на сопнување во реализацијата на проектот?!


