Hyundai и Škoda во водородна соработка

Škoda ќе користи корејски водородни системи

Hyundai и Škoda изразија намера да започнат со соработка на полето на водородните технологии со цел да придонесат за забрзување на воведувањето на еколошки прифатливи решенија за мобилност. Писмото за намери потпишано на чешко-корејскиот бизнис форум во Прага не обелоденува многу конкретни детали, ниту пак изјавите на  одговорните од двете компании. Но затоа во соопштението за јавност јасно се навестува дека во некоја перспективна иднина би можеле да бидеме сведоци на појавувањето на автомобил на Škoda со горивни ќелии од Hyundai. Јасно е дека Hyundai во развојот на овие системи има отидено далеку напред, но изненадува одлуката Škoda да се испроба со водородот, посебно затоа што матичниот Volkswagen доста ги забави своите активности на ова поле.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER