Renault Master- Интернационално комбе на годината за 2025 година

Жирито на Меѓународното комбе на годината на новиот Renault Master му ја додели титулата „Меѓународно комбе на годината“ за 2025 година.

Со својот дизајн наречен „Aerovan“ и новата мулти-енергетска платформа, Renault Master постави нови одредници на пазарот и се истакна како најефикасно возило во својата класа во палетата на модели со термички мотор, електричен мотор и водороден погон. Master е петтото комбе на Renault што ја освоило оваа награда. Renault Master е инаугуриран на церемонијата на доделување на наградата „Меѓународното комбе на годината“ за 2025 година, одржано на 16 септември на Меѓународниот саем за мобилност, транспорт и логистика во Хановер. Неа едногласно ја верифицира жирито составено од експерти од 25 европски земји. Новиот Renault Master е петтото комбе на марката што ја освои оваа престижна титула. Пред него успеаја Renault Master од втората генерација (1998), Renault Trafic од втората генерација (2002), Kangoo Z.E (2012) и Kangoo Van од третата генерација (2022).

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER