Септември ќе биде јак

Прв новитет есенва ќе биде Audi Q5

После вообичаено мирниот август, есенва нé очекува цунами од новитети кои ќе го започне новата генерација на Audi Q5. Според многумина љубители на марката најдобриот SUV со четири прстени на носот чија премиера е закажана за овој понеделник ќе биде последниот со мотори со внатрешно согорување. Официјалната најавната слика открива поширока маска и поостри светла, додека за дизајнот сосема е јасно дека ќе биде поспортски, притоа задржувајќи ја практичноста на внатрешноста на каросеријата. А таа треба да биде значително збогатена со технологии, пред сé трендовски во поглед на дигитализацијата, од проста причина што безбедносните веќе солидно се застапени и во оваа генерација.

Новиот Audi Q5 ќе биде поставен на подобрена верзија на MLB архитектурата и ќе има доста заеднички механички карактеристики со свежо претставениот А5 кој го заменува А4. Пред сé во погонските групи  кои ќе бидат фокусирани на поефикасни благи и плаг-ин хибридни единици. Секако, SQ5 ќе остане, исто како и дизел опциите за купувачите во Европа. Конкретниот датум за лансирање на новитетот сé уште не е објавен.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER