За своето деби освежениот RS3 го собори рекордот на „Зелениот пекол“ за компактни автомобили
На почетокот на летото на патеката Нурбургринг-Нордшлајфе се појави маскирана верзија на спортскиот комакт од Инголштат. Иако добро скриени деталите се знаеше дека тоа е обновениот Audi RS3 чие диби се случи денеска.
Трудот на инженерите се се исплати. Компактната ракета го собори постоечкиот рекорд на патеката за компактни автомобили бележејќи 7:33.123 минути, време подобро за 5,5 секунди од постоечкиот рекорд во сопственост на BMW M2. Тоа е постигнато со низа технички подобрувања скриени од очите за да ги зголемат неговите перформанси до нови височини. Audi RS3 го задржа пет цилиндерскиот 2,5-литарски бензинец со турбополнач навиен на 400 КС и 500 Nm вртежен момент.
Тој овозможува да достигне 100 км/ч за 3,8 секунди и максимална брзина од 290 км/ч. Сепак, тоа не е тајната зад подобрените перформанси на обновениот модел, туку ракувањето и потпирањето. Audi го подобри векторирањето и системот за целосно променлива дистрибуција на вртежниот момент, а исто така направи прилагодувања на електронската контрола на стабилноста и приспособливите амортизери.
Производителот нагласува дека новиот RS3 останува имун на подуправување и попрецизно врти во свиоци, што значи дека возачите можат да возат низ свиоци со големи брзини и побрзо да забрзуваат. Што се однесува до изгледот очигледни се модификации на стилот. Масивната решетка со една рамка на Audi е изменета, додека новите доводи за воздух и поизразениот разделувач ја зголемуваат привлечноста на автомобилот. Дневните LED светла се покомплексни и вклучуваат 24 елементи распоредени во карирана шема.
На задниот дел, RS3 2025 има нова графика на задните светла, зголемен дифузер и две овални издувни цевки со црни рамки. Направени се неколку промени во кабината на автомобилот. Може да се вгради со опционални RS седишта од јаглеродни влакна, ново амбиентално осветлување и контрастни шевови низ седиштата, централен потпирач за раце, потпирачи за раце на вратите и волан.
Висококвалитетната Nappa кожа е исто така понудена и Audi вели дека вработува тим од пет хемичари за да се осигура дека сите избрани материјали го даваат совршениот мирис на нов автомобил. Audi вели дека RS3 во двете каросериски изведби ќе се појави кај европските дилери во октомври. Се очекува цените во Германија да започнуваат од 66.000 евра за изведбата спортбек а седанот чини 68.000 евра.



