Porsche 911 Turbo ја одбележува 50 годишнината со лимитиран модел

911 Turbo 50 Years се одликува со носталгичен стил и ќе биде произведен во 1.974 примероци

Официјалниот датум на раѓање на Porsche 911 Turbo помина, но никогаш не е доцна за славење. Екипата од Цуфенхаузен направи специјално роденденско, а може слободно да се каже, и колекционерско издание на култниот модел.

Во техниката не е ништо чепкано. Ангажиран е 3,7 литарскиот боксер мотор со двоен турбо полнач како кај стандардниот 911 Turbo S, со моќност од 650 КС и 800 Nm кој работи во тандем со осумстепен PDK со двојна спојка преку кого силата се пренесува на сите тркала. Исто така, специјалното издание има спортски издувен систем и спортска суспензија PASM, намалувајќи ја висината за 10 мм што дава уште поагресивен став.

Во изгледот употребени се цитати кои суптилно упатуваат на корените. Стандардните налепници потсетува на бојата на концептот Porsche 911 RSR Turbo од 1973 година, кој го инспирираше 911 Turbo (930) што следеше во 1974 година. Основите на ретровизорите и доводите на браниците, создаваат впечатлив контраст со главната боја на каросеријата.

Внатрешноста црпи инспирација од движењето Zeitgeist од 1970-тите додека значките Turbo 50 ги красат осветлените прагови на вратите, потпирачите за глава и нумерираната годишнина, надополнета со приспособена верзија на часовникот поставен на контролната табла.

Купувачите кои бараат дополнителна доза на ексклузивност и носталгија треба да се одлучат за Heritage Design Package „50 Years Turbo“. Од Порше Македонија потврдија дека најмалку еден од предвидените 1974 примероци треба да пристигне кај нас по цена од 352.500 евра. Со оглед дека е лимитиран и колекционерски примерок делува дека нема да биде само уште една 911-ка, туку и добра инвестиција.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER