Kia K8 – луксуз на корејски начин

Нешто на што не сме навикнати

Кога ќе се спомене Kia последно нешто што ќе ни падне на ум е луксузен автомобил. Но корејската марка има и такви во понудата, и тоа не еден туку два модела. Помалиот од нив со ознака K8 кој беше претставен пред три години сега доживеа темелен редизајн, дотолку што слободно можеме да кажеме дека се работи за втора генерација иако тоа не е. Доста дизајнерски линии се презедени од другите модели на марката, а изгледот генерално го карактеризираат вертикално поставените светла. Задниот дел елегантно е спуштен во манири на купе модел, а ентериерот преполн опрема.

Механиката е задржана и понудата се состои од 2,5 литарски бензинец со 195 и 3,5 литарски V6 со 300 коњски сили. Тој може да се добие и во LPG верзија со 240 коњи, колку што скоро има 1,6  литарскиот хибрид кој ќе стане достапен до крајот на годината. Тој единствен ќе има и шестстепена автоматика додека за другите е наменета осумстепена. Погонот е на предните тркала, а топ моделот може да се добие и со погон на сите четири.

Цената на оваа петметарска лимузина изнесува само 27.300 долари за основната и десет илјади повеќе за V6 верзијата, но Kia нема никакви планови да ја продава надвор од домашниот пазар каде годишно се испорачуваат по повеќе од 40 илјади примероци.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER