Ferrari ги укинува SF90 Stradale и 812 GTS

Дел од планот

Понудата на Ferrari никогаш не била толку сеопфатна, но нема уште долго – марката најави укинување на два модела како дел од планот за освежување на гамата. Прв ќе замине 812 GTS кој веќе има наследник, новиот 12Cilindri Spider, а развојот на замената на фасцинантниот F90 Stradale е во финална фаза. Тој сепак ќе преживее уште некое време во својата престижна XX верзија. Но тоа не е сé – ни на Roma и 812 Competizione не им се пишува добро. Нивните испораки се намалуваат бидејќи веќе се приближуваат кон крајот на својот животен циклус. За замената на Roma скоро ништо не се знае, додека местото на 812 Competizione веќе го зазеде купе верзијата на 12Cilindri.

Што се однесува до вкупната продажба, Ferrari не може да се пожали –  има доволно нарачки за пополнување на производствените капацитети сé до 2026 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER